Лука 22:11-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

11. и кажете му на домаќинот од куќата: ‚Учителот ти вели: каде е собата, во која треба да јадам пасха со учениците Свои?‘

12. И тој ќе ви покаже голема одаја, послана; таму пригответе.“

13. Кога отидоа, најдоа како што им беше рекол и ја приготвија пасхата.

14. А кога дојде времето, Тој седна на трпезата и дванаесетмината со него.

15. И им рече: „Од сѐ срце сакав да ја јадам оваа Пасха со вас, пред да пострадам;

16. зашто, ви велам: нема веќе да јадам од неа, сѐ додека таа не се исполни во царството Божјо.“

Лука 22