27. Тогаш пристапија некои од садукеите, што тврдат дека нема воскресение, па Го прашаа,
28. велејќи: „Учителе, Мојсеј ни напиша: Ако некому умре брат, кој имал жена и умрел бездетен, брат му да ја земе жената и да го подигне потомството на својот брат.
29. Си беа седум браќа. Првиот ја зеде жената и умре без деца.
30. Жената ја зеде вториот, но и тој умре без деца.
31. Потоа ја зеде и третиот, а така исто и сите седуммина не оставија деца и умреа.
32. По сите нив, умре и жената.
33. При воскресението, пак, на кого од нив таа ќе му биде жена, бидејќи седуммина ја имаа за жена?“