24. Покажете ми еден денариј: Чија слика и натпис стои таму?“ Тие одговорија: „На царот.“
25. Па им рече: „Подајте го царевото на царот, а Божјото на Бога!“
26. И не можеа да фатат нешто во Неговите зборови пред народот, туку само се зачудија на одговорот Негов и замолкнаа.
27. Тогаш пристапија некои од садукеите, што тврдат дека нема воскресение, па Го прашаа,
28. велејќи: „Учителе, Мојсеј ни напиша: Ако некому умре брат, кој имал жена и умрел бездетен, брат му да ја земе жената и да го подигне потомството на својот брат.
29. Си беа седум браќа. Првиот ја зеде жената и умре без деца.
30. Жената ја зеде вториот, но и тој умре без деца.
31. Потоа ја зеде и третиот, а така исто и сите седуммина не оставија деца и умреа.