Лука 20:1-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Еден ден, додека Тој го поучуваше народот во храмот и го проповедаше Евангелието, пристапија првосвештениците и книжниците со старешините

2. и Му рекоа, велејќи: „Кажи ни, со каква власт го вршиш тоа, или кој е тој што Ти ја дал таа власт?“

3. А Тој им одговори и рече: „Ќе ве прашам и јас еден збор, и кажете ми:

4. Дали крштевањето Јованово беше од небото, или од луѓето?“

5. А тие почнаа да размислуваат и да си зборуваат меѓу себе: „Ако кажеме – од небото, ќе рече – Зошто не му поверувавте?

6. Ако, пак, речеме – од луѓето, тогаш сиот народ ќе нѐ каменува, бидејќи е уверен дека Јован беше пророк.“

7. Затоа одговорија: „Не знаеме од каде е.“

8. Исус им рече: „Ниту Јас нема да ви кажам со каква власт го вршам тоа.“

9. И почна да му ја раскажува на народот оваа парабола: „Еден човек насади лозје и го предаде на лозари, па си замина на подолго време.

10. А во свое време испрати кај лозарите еден слуга за да му дадат од родот на лозјето; но лозарите го натепаа и го пуштија празен.

11. И прати повторно друг слуга: но тие и него го натепаа и го посрамија, па го испратија празен.

12. Испрати и трет, а тие и него го ранија и го избркаа.

Лука 20