Лука 2:9-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

9. И ете, ангел Господов застана меѓу нив и славата Господова ги осветли; и се уплашија многу.

10. А ангелот им рече: „Не плашете се! Еве, ви навестувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе;

11. зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ;

12. Ова ќе ви биде знак: ќе најдете повиен Младенец, кој лежи во јасли.“

13. И одеднаш со ангелот се јави многубројно небесно воинство, кое Го славеше Бога, велејќи:

Лука 2