Лука 2:5-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. за да се запише со Марија, неговата свршеница, која беше зачнала.

6. А кога беа таму, нејзе ѝ дојде времето да роди.

7. Го роди својот Син првенец, Го пови и Го положи во јасли, зашто за нив немаше место во гостилницата.

8. Во тој крај имаше пастири, кои престојуваа во полето и чуваа стража ноќе кај своето стадо.

9. И ете, ангел Господов застана меѓу нив и славата Господова ги осветли; и се уплашија многу.

10. А ангелот им рече: „Не плашете се! Еве, ви навестувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе;

11. зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ;

12. Ова ќе ви биде знак: ќе најдете повиен Младенец, кој лежи во јасли.“

13. И одеднаш со ангелот се јави многубројно небесно воинство, кое Го славеше Бога, велејќи:

14. „Слава на Бога во висините, а на земјата мир, меѓу луѓето добра волја!“

15. Кога си отидоа ангелите од нив на небо, пастирите си рекоа меѓу себе: „Да појдеме во Витлеем и да го видиме тоа што се случило, што ни го соопшти Господ.“

16. И дојдоа брзо и ги најдоа Марија и Јосиф со Младенецот кој лежеше во јасли.

17. А штом го видоа, соопштија за сѐ што им беше речено за Тоа Дете.

Лука 2