19. А Марија ги зачува сите тие зборови, сложувајќи ги во срцето свое.
20. И се вратија пастирите, славејќи Го и фалејќи Го Бога за сѐ она што чуја и видоа, како што им беше речено.
21. А кога се навршија осум дена и Детето требаше да Го обрезат, Му дадоа име Исус, како што беше наречено од ангелот уште пред да биде зачнат во утробата.
22. И кога се навршија деновите за нивното очистување, според законот на Мојсеј, Го донесоа во Ерусалим за да Го претстават пред Господ,
23. како што е напишано во Законот Господов дека секое првородено машко дете треба да Му се посвети на Господ;
24. и да се принесе жртва, како што е речено во Законот Господов, две гугутки или две гулапчиња.
25. А во Ерусалим имаше тогаш еден човек по име Симеон; и тој човек, кој беше праведен и благочестив, ја очекуваше утехата Израилева; и Светиот Дух беше на него.