Лука 19:34-38 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

34. Тие одговорија: „Потребно Му е на Господа.“

35. И го доведоа кај Исус, па штом ги нафрлија облеките свои на магарето, Му помогнаа на Исус да се качи.

36. И додека минуваше Тој, ги постилаа своите наметки по патот.

37. А кога наближи до подножјето од Маслиновата Гора, сето мноштво ученици почна, радувајќи се, громогласно да Го прославува Бога, за сите чуда што ги видоа,

38. велејќи: „Благословен е Царот Кој доаѓа во името Господово! Мир на небото и слава во висините!“

Лука 19