Лука 17:33-37 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

33. Кој сака да го спаси својот живот, ќе го загуби; а кој ќе го загуби, ќе го запази.

34. Ви велам: во таа ноќ ќе бидат двајца на една постела: едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават;

35. две жени ќе мелат заедно: едната ќе ја земат, а другата ќе ја остават.“

36. „Двајца ќе бидат на нива: едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават.“

37. И, кога одговорија, Му рекоа: „Каде, Господи?“ А Тој им рече: „Каде што е лешот, таму ќе се соберат и орлите.“

Лука 17