Лука 17:27-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

27. јадеа, пиеја, се женеа, се мажеа, сѐ до оној ден, кога Ное влезе во ковчегот, и дојде потопот, па ги погуби сите.

28. Исто така, како што беше во Лотовите дни: јадеа, пиеја, купуваа, продаваа, садеа, ѕидаа;

29. но во денот, кога излезе Лот од Содом, падна од небото оган и сулфур и ги погуби сите;

30. така ќе биде и во денот кога ќе се јави Синот Човечки.

Лука 17