Лука 17:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. И им рече Исус на учениците Свои: „Доаѓањето на соблазните е неизбежно, но тешко на оној преку кого доаѓаат;

2. за него би било подобро да му обесат воденички камен на вратот и да го фрлат в море, отколку да соблазни еден од овие помали.

3. Внимавајте на себе. Ако згреши против тебе братот твој, укори го, и ако се покае – прости му.

4. И ако седумпати на ден згреши против тебе и седумпати на ден дојде и ти рече: ‚Се каам‘ – прости му.“

Лука 17