Лука 12:56-59 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

56. Лицемери, знаете како да го распознавате лицето на небото и земјата, зошто ова време не умеете да го распознавате?

57. Зошто тогаш сами од себе не судите што е праведно?

58. Кога одиш со противникот пред власта, потруди се уште по патот да се измириш со него, за да не те предаде на судијата, а судијата на извршителот и тој да те фрли в затвор.

59. Ти велам, оттаму нема да излезеш, сѐ додека не ја дадеш и последната пара.“

Лука 12