Лука 11:7-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. И ако оној одвнатре му одговори и рече: ‚Не ме обеспокојувај; портата е веќе затворена и децата се со мене во постела; не можам да станам да ти дадам‘,

8. ви велам дека, макар и да не стане да му даде затоа што му е пријател, сепак ќе стане заради неговата настојчивост и ќе му даде колку што му треба.

9. И Јас ви велам: Молете и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори.

10. Зашто секој што моли – добива, а кој бара – наоѓа, и на оној што чука – ќе му се отвори.

Лука 11