Лука 11:17-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

17. Но Тој, знаејќи ги нивните помисли им рече: „Секое царство ако е поделено само против себе, запустува, и дом кој е поделен сам против себе, пропаѓа.

18. И, ако и сатаната се поделил сам против себе, како ќе се одржи царството негово? Зашто велите дека Јас со Велзевул ги истерувам злите духови.

19. И, ако Јас, пак, со Велзевул ги истерувам злите духови, тогаш синовите ваши со кого ги истеруваат? Затоа, тие ќе ви бидат судии.

Лука 11