8. Еднаш, додека тој по редот на својот чин служеше пред Бога,
9. според обичајот на свештениците, нему му се падна ждрепката да влезе во храмот Господов и да покади.
10. За време на кадењето целиот народ се молеше надвор.
11. Тогаш му се јави ангел Господов, стоејќи од десната страна на кадилниот жртвеник.
12. Захарија се вознемири кога го виде и страв го обзеде.
13. Но ангелот му рече: „Не плаши се, Захарија, зашто твојата молба е услишена и жена ти Елисавета ќе ти роди син и ќе му ставиш име Јован.
14. И ќе ти биде радост и веселие; мнозина ќе се зарадуваат заради неговото раѓање.
15. Зашто тој ќе биде голем пред Господа и нема да пие вино ниту жесток пијалак, а ќе се исполни со Дух Свети уште во утробата на мајка си;
16. и многу Израилеви синови ќе ги обрати кон нивниот Господ Бог;
17. и тој ќе оди пред Него во духот и силата на Илија, за да ги сврти срцата на татковците кон децата, и непокорните кон мудроста на праведните, па да Му подготви на Господ народ подготвен.“
18. И му рече Захарија на ангелот: „По што ќе го разберам тоа? Јас сум стар, а жена ми е веќе во поодминати години.“
19. Ангелот му одговори и рече: „Јас сум Гаврил кој стои пред Бога; пратен сум да зборувам со тебе и ова да ти го благовестам;
20. и ете, ти ќе онемиш и не ќе можеш да говориш до оној ден кога ќе се случи тоа, затоа што не им поверува на моите зборови, што ќе се исполнат во свое време.“