Лука 1:69-78 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

69. и подигна за нас моќно спасение, во домот на Давид, Својот слуга;

70. како што говореше одамна преку устата на Своите свети пророци,

71. дека ќе нѐ спаси од непријателите наши и од рацете на сите што нѐ мразат;

72. за да ја пројави милоста над татковците наши и да се сети на светиот завет Свој,

73. на заклетвата, со која му се заколна на Авраам, нашиот татко, дека ќе ни даде:

74. избавување од рацете на непријателите наши, без страв да Му служиме

75. во светост и правда пред Него, во сите дни од нашиот живот.

76. А ти, дете, ќе се наречеш пророк на Севишниот, зашто ќе одиш пред Господовото лице за да Му Го приготвиш патот Негов;

77. и да му дадеш на народот Негов сознание за спасение, преку проштевање на гревовите нивни,

78. заради големото милосрдие на нашиот Бог, со која нѐ посети Исток од висините,

Лука 1