64. И веднаш му се отвори устата негова и јазикот негов, и зборуваше, благословувајќи Го Бога.
65. И ги обзеде страв сите соседи; и се разгласи за овој настан по целата горска Јудеја.
66. Сите што слушнаа, го зедоа тоа при срце и велеа: „Што ли ќе стане од тоа дете?“ И раката Господова беше со него.
67. А Захарија, татко му, се исполни со Дух Свети и пророкуваше, говорејќи:
68. „Благословен да е Господ, Бог Израилев, зашто го посети и го избави народот Свој;
69. и подигна за нас моќно спасение, во домот на Давид, Својот слуга;
70. како што говореше одамна преку устата на Своите свети пророци,