Лука 1:62-66 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

62. И го прашаа со знаци татко му, како би сакал да го наречат.

63. Тој побара штичка и ги напиша зборовите: „Јован му е името.“ И сите се зачудија.

64. И веднаш му се отвори устата негова и јазикот негов, и зборуваше, благословувајќи Го Бога.

65. И ги обзеде страв сите соседи; и се разгласи за овој настан по целата горска Јудеја.

66. Сите што слушнаа, го зедоа тоа при срце и велеа: „Што ли ќе стане од тоа дете?“ И раката Господова беше со него.

Лука 1