Лука 1:47-52 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

47. и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој,

48. зашто погледна на смиреноста на слугинката Своја, и ете, отсега ќе ме нарекуваат блажена сите поколенија;

49. зашто Силниот ми направи големи дела, и свето е Неговото име;

50. и милоста Негова е од колено на колено за оние што се бојат од Него.

51. Тој покажа сила со раката Своја; ги распрсна оние што се возгордеаја со мислите во срцата свои;

52. ги симна силните од престоли и ги воздигна понижените;

Лука 1