Лука 1:37-41 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

37. зашто кај Бога ниеден збор не останува невозможен.“

38. Марија, пак, рече: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!“ И ангелот си отиде од неа.

39. А Марија стана во тие дни и поита во горскиот крај, во градот Јудин;

40. па влезе во домот на Захарија и ја поздрави Елисавета.

41. Штом го слушна Елисавета поздравот на Марија, заигра детето во утробата нејзина; и Елисавета се исполни со Дух Свети,

Лука 1