Лука 1:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Бидејќи мнозина се обидоа да го запишат кажувањето за настаните што се случија меѓу нас,

2. како што ни ги предадоа оние, кои уште од почетокот беа очевидци и служители на Словото,

3. намислив и јас, откако испитав сѐ од почетокот, да ти опишам точно по ред, честити Теофиле,

4. за да ја познаеш веродостојноста на учењето, во кое си поучуван.

5. Во деновите на Ирод, царот јудејски, имаше еден свештеник по име Захарија, од редот Авијанов; а жена му беше од ќерките Аронови и се викаше Елисавета.

6. И обајцата беа праведни пред Бога, постапувајќи според сите заповеди и повелби Господови беспрекорно.

Лука 1