Колосјаните 1:15-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

15. Тој е слика на невидливиот Бог, првороден пред секое создание;

16. бидејќи преку Него е создадено сѐ што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти – сѐ е преку Него и за Него создадено.

17. Тој е пред сѐ, и сѐ во Него стои.

18. И Тој е глава на телото, односно на Црквата. Тој е почеток, првороден од мртвите, за да има првенство во сѐ.

19. Бидејќи во Него благоволи Отецот да ја насели сета полнота,

20. и преку Него да измири сѐ со Себе, или земно, или небесно, творејќи мир со крвта на Неговиот крст.

Колосјаните 1