Јован 9:10-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

10. Тогаш го прашаа: „Како ти се отворија очите?“

11. Тој одговори и рече: „Еден Човек, Кој се вика Исус, направи кал, ми ги намачка очите и ми рече: ‚Отиди во бањата Силоам и изми се!‘ Отидов, се измив и прогледав.“

12. Пак го прашаа: „Каде е Тој?“ Тој рече: „Не знам.“

13. Тогаш го одведоа кај фарисеите човекот, кој порано беше слеп.

14. А беше сабота кога направи Исус кал и му ги отвори очите.

Јован 9