Јован 8:33-36 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

33. Му одговорија и рекоа: „Ние сме семе Авраамово и никогаш никому не сме робувале; а како Ти велиш: ‚Ќе бидете слободни?‘“

34. Исус им одговори: „Вистина, вистина ви велам: секој што прави грев, роб му е на гревот.

35. А робот не останува вечно дома; Синот останува вечно.

36. И ако Синот ве ослободи, навистина ќе бидете слободни.

Јован 8