Јован 7:50-53 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

50. Никодим, пак, кој беше отишол кај Него ноќе, а беше еден од нив, им рече:

51. „Осудува ли нашиот Закон човек додека најнапред не го сослушаат и не дознаат што прави?“

52. А тие му одговорија и рекоа: „Да не си и ти од Галилеја? Испитај и ќе видиш дека пророк од Галилеја не се јавува!“

53. И секој си отиде во својот дом.

Јован 7