38. Кој верува во Мене, како што е речено во Писмото, од неговата утроба, ќе потечат реки од жива вода.“
39. А ова го рече за Духот, Кого што ќе Го примат оние кои веруваат во Него; зашто Светиот Дух уште не им беше даден, бидејќи Исус уште не беше прославен.
40. А мнозина од народот, кога ги чуја овие зборови, рекоа: „Навистина Овој е пророк!“
41. Други велеа: „Овој е Христос.“ А некои рекоа: „Зар од Галилеја ќе дојде Христос?
42. Не е ли речено во Писмото дека Христос ќе дојде од семето Давидово и од гратчето Витлеем, од каде што беше Давид?“