Јован 6:65-69 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

65. И рече: „Затоа ви зборувам дека никој не може да дојде кај Мене, ако не му биде дадено од Мојот Отец.“

66. Од тоа време мнозина од Неговите ученици се повлекоа и не одеа веќе со Него.

67. Тогаш им рече Исус на дванаесетмината: „Да не сакате и вие да си отидете?“

68. А Симон Петар Му одговори: „Господи, кај кого ќе отидеме? Ти имаш зборови за вечен живот,

69. и ние поверувавме и познавме дека си Ти Христос, Син на живиот Бог.“

Јован 6