Јован 6:63-71 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

63. Духот е тој што оживува; телото ништо не ползува. Зборовите што ви ги кажав се дух и живот.

64. Но има меѓу вас и некои што не веруваат.“ Исус знаеше од почеток кои се тие што не веруваат и кој е тој што ќе го предаде.

65. И рече: „Затоа ви зборувам дека никој не може да дојде кај Мене, ако не му биде дадено од Мојот Отец.“

66. Од тоа време мнозина од Неговите ученици се повлекоа и не одеа веќе со Него.

67. Тогаш им рече Исус на дванаесетмината: „Да не сакате и вие да си отидете?“

68. А Симон Петар Му одговори: „Господи, кај кого ќе отидеме? Ти имаш зборови за вечен живот,

69. и ние поверувавме и познавме дека си Ти Христос, Син на живиот Бог.“

70. Исус им одговори: „Не ли ве избрав дванаесетмина? Но еден од вас е ѓавол.“

71. А зборуваше за Јуда Симонов Искариотски, зашто тој, иако еден од дванаесетмината, сакаше да Го предаде.

Јован 6