Јован 6:5-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. Исус, пак, откако ги подигна очите, виде дека кон Него иде многу народ и му рече на Филип: „Од каде да купиме леб за да јадат овие?“

6. А тоа го рече за да го искуша, зашто Сам знаеше што ќе направи.

7. Филип Му одговори: „Не ќе им биде доволно леб за двесте денарии, па да добие секој од нив по малку!“

8. Еден од учениците Негови, Андреј, братот на Симон Петар, Му рече:

Јован 6