Јован 4:8-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

8. А учениците Негови беа отишле во градот да купат храна.

9. Жената Самарјанка Му рече: „Како Ти, Јудеец, бараш од мене, жена Самарјанка, да пиеш?“ Зашто Јудејците со Самарјаните не се мешаат.

10. Исус ѝ одговори и рече: „Кога би го знаела дарот Божји и Кој е Овој што ти вели: ‚Дај Ми да пијам‘ – ти самата би побарала од Него и Тој би ти дал жива вода.“

11. Жената Му рече: „Господи, Ти немаш ведро, а кладенецот е длабок; од каде, пак, имаш жива вода?

12. Зар си Ти поголем од нашиот татко Јаков, кој ни го даде овој кладенец!? И самиот тој пиеше од него, и синовите негови, и добитокот негов!“

Јован 4