7. Дојде една жена од Самарија, за да полни вода. Исус ѝ рече: „Дај Ми да пијам!“
8. А учениците Негови беа отишле во градот да купат храна.
9. Жената Самарјанка Му рече: „Како Ти, Јудеец, бараш од мене, жена Самарјанка, да пиеш?“ Зашто Јудејците со Самарјаните не се мешаат.
10. Исус ѝ одговори и рече: „Кога би го знаела дарот Божји и Кој е Овој што ти вели: ‚Дај Ми да пијам‘ – ти самата би побарала од Него и Тој би ти дал жива вода.“