35. Не велите ли вие дека уште четири месеци, па ќе настане жетва? А јас, пак, ви кажувам: подигнете го погледот и видете ги нивите како веќе побелеле, готови за жетва.
36. И жетварот веќе добива плата и собира род за вечен живот, та да се радуваат заедно и сејачот и жетварот.
37. Зашто во ова вистинита станува поговорката: ‚Еден сее, а друг жнее.‘
38. Јас ве испратив да го жнеете она за што не сте се труделе; други се трудеа, а вие влеговте во нивниот труд.“
39. И мнозина Самарјани од оној град поверуваа во Него поради зборовите на жената која сведочеше: „Ми кажа сѐ што сум направила.“
40. Кога дојдоа, пак, Самарјаните кај Него, Го замолија да остане кај нив. И Тој остана таму два дена.
41. И уште повеќе поверуваа поради словото Негово;
42. а на жената ѝ велеа: „Сега веќе не веруваме само заради твоето кажување, зашто сами чувме и знаеме дека Тој е Спасителот на светот, Христос.“
43. А по два дни, Тој замина оттаму и отиде во Галилеја.
44. Зашто Сам Исус беше посведочил дека пророкот во своето родно место нема чест.
45. Кога дојде, пак, во Галилеја, Галилејците Го примија, зашто беа виделе сѐ што извршил во Ерусалим на празникот; зашто и тие беа на празникот.