Јован 4:35-41 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

35. Не велите ли вие дека уште четири месеци, па ќе настане жетва? А јас, пак, ви кажувам: подигнете го погледот и видете ги нивите како веќе побелеле, готови за жетва.

36. И жетварот веќе добива плата и собира род за вечен живот, та да се радуваат заедно и сејачот и жетварот.

37. Зашто во ова вистинита станува поговорката: ‚Еден сее, а друг жнее.‘

38. Јас ве испратив да го жнеете она за што не сте се труделе; други се трудеа, а вие влеговте во нивниот труд.“

39. И мнозина Самарјани од оној град поверуваа во Него поради зборовите на жената која сведочеше: „Ми кажа сѐ што сум направила.“

40. Кога дојдоа, пак, Самарјаните кај Него, Го замолија да остане кај нив. И Тој остана таму два дена.

41. И уште повеќе поверуваа поради словото Негово;

Јован 4