Јован 4:27-31 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

27. И тогаш дојдоа учениците Негови и се зачудија дека говореше со жена; но ниеден не Му рече: „Што сакаш?“ или: „Зошто зборуваш со неа?“

28. А жената ја остави својата стомна и отиде в град и им рече на луѓето:

29. „Дојдете, видете Го човекот Кој ми кажа сѐ што сум направила. Да не е Тој Христос?“

30. Тогаш тие излегоа од градот и тргнаа кон Него.

31. Во тоа време, пак, учениците Го молеа, велејќи: „Рави, јади!“

Јован 4