Јован 3:6-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. зашто, роденото од тело, е тело; а роденото од Дух, е дух.

7. Затоа, не чуди се што ти реков: вие треба да се родите одозгора.

8. Ветрот дува каде што сака и гласот негов го слушаш, но не знаеш од каде иде и на каде оди; така е со секој човек роден од Духот.“

9. Никодим Му одговори и рече: „Како може тоа да биде?“

10. Исус одговори и му рече: „Ти си учител израилев, па тоа ли не го знаеш?

Јован 3