Јован 21:6-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. А Тој им рече: „Фрлете ја мрежата од десната страна на коработ и ќе најдете!“ Ја фрлија, и не можеа веќе да ја извлечат од многу риби.

7. Тогаш ученикот, што го сакаше Исус, му рече на Петар: „Тоа е Господ!“ А Симон Петар, штом чу дека е Господ, си ја препаша облеката – зашто беше необлечен, и се фрли во морето.

8. А другите ученици, влечејќи ја мрежата со риби, дојдоа со кораб, зашто не беа далеку од брегот, но само околу двесте лакти.

Јован 21