Јован 21:4-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

4. А кога се раздени, застана Исус на брегот, само учениците не го познаа дека е Исус.

5. Исус им рече: „Чеда, имате ли нешто за јадење?“ Му одговорија: „Не.“

6. А Тој им рече: „Фрлете ја мрежата од десната страна на коработ и ќе најдете!“ Ја фрлија, и не можеа веќе да ја извлечат од многу риби.

7. Тогаш ученикот, што го сакаше Исус, му рече на Петар: „Тоа е Господ!“ А Симон Петар, штом чу дека е Господ, си ја препаша облеката – зашто беше необлечен, и се фрли во морето.

Јован 21