Јован 20:16-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

16. Исус ѝ рече: „Марија!“ Таа се заврти и Му рече: „Равуни“ – што значи: „Учителе!“

17. И рече Исус: „Не допирај се до Мене, зашто уште не сум се вратил кај Мојот Отец; туку отиди кај браќата Мои и кажи им: се враќам кај Својот Отец и вашиот Отец, кај Својот Бог и кај вашиот Бог.“

18. Дојде Марија Магдалена и им кажа на учениците дека Го видела Господа и дека тоа ѝ рекол.

Јован 20