Јован 2:7-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. Исус им рече: „Наполнете ги садовите со вода!“ И тие ги наполнија до горе.

8. Па им кажа: „Нацрпете сега и однесете му на старосватот!“ И му однесоа.

9. И кога вкуси старосватот од виното, што беше станало од вода – а тој не знаеше од каде е, но слугите, што ја беа донеле водата, знаеја – старосватот го повика младоженецот,

10. и му рече: „Секој човек најнапред го изнесува доброто вино, а кога ќе се поднапијат, тогаш полошото; но ти си го чувал доброто вино до сега.“

Јован 2