Јован 19:18-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

18. таму Го распнаа, а со Него и други двајца, од едната и од другата страна, а насреде – Исус.

19. Пилат, пак, напиша и натпис, и го кладе на крстот. А беше напишано: „Исус од Назарет, цар Јудејски.“

20. Овој натпис го читаа мнозина од Јудејците, бидејќи местото, каде што беше распнат Исус беше близу до градот; а беше напишано на еврејски, грчки и латински.

21. Првосвештениците, пак, јудејски му рекоа на Пилат: „Не пишувај: Цар Јудејски, туку дека Тој рече: Јас сум Цар Јудејски.“

Јован 19