Јован 19:14-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

14. Тогаш беше петок пред Пасха, околу шестиот час. И им рече Пилат на Јудејците: „Еве Го вашиот Цар!“

15. Но тие викаа: „Земи, земи, распни Го!“ Пилат им рече: „Царот ваш ли да Го распнам?“ Првосвештениците одговорија: „Ние немаме цар, освен цезарот.“

16. И тогаш им Го предаде за да биде распнат. И Го зедоа Исус, и Го поведоа.

17. И носејќи го Својот крст, Тој излезе на местото наречено Черепница, а по еврејски Голгота;

18. таму Го распнаа, а со Него и други двајца, од едната и од другата страна, а насреде – Исус.

Јован 19