Јован 18:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. И штом го рече ова, Исус отиде со учениците Свои преку потокот Кедрон, каде што имаше градина, и во неа влезе Тој и учениците Негови.

2. А тоа место го знаеше и Јуда, кој сакаше да Го предаде, зашто Исус често се собираше со учениците Свои таму.

3. Тогаш Јуда, откако зеде една чета војници и слуги од првосвештениците и фарисеите, дојде таму со фенери, и со светила и со оружје.

4. А Исус, знаејќи сѐ што ќе стане со Него, излезе и им рече: „Кого барате?“

Јован 18