Јован 17:7-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. Сега разбраа дека сѐ што си Ми дал, е од Тебе;

8. зашто зборовите што си Ми ги дал им ги предадов и тие ги примија и разбраа навистина дека од Тебе сум излегол, и поверуваа дека Ти си Ме пратил.

9. Јас за нив се молам; не се молам за сиот свет, туку за оние што си Ми ги дал, зашто се Твои.

10. И сѐ Мое е Твое, и Твоето – Мое, и се прославив во нив.

Јован 17