Јован 16:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. „Ова ви го кажав за да не се соблазните.

2. Ќе ве истеруваат од синагогите. Но, ќе настапи време кога секој што ќе ве убие, ќе мисли дека на Бога Му принесува служба.

3. Тоа ќе го прават, зашто не Го познаа Отецот, ниту Мене.

4. Но ви го кажав тоа, та кога ќе дојде времето, да се сетите дека Јас сум ви рекол; а од почетокот не ви го зборував ова, зашто бев со вас.“

5. „А сега одам кај Оној Кој Ме испрати, и никој од вас не Ме праша: ‚Каде одиш?‘

Јован 16