Јован 15:7-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. Ако останете во Мене, и зборовите Мои останат во вас, тогаш, што и да посакате, барајте и ќе ви биде.

8. Со тоа ќе се прослави Мојот Отец: да носите многу род и да бидете Мои ученици.

9. Како што Ме возљуби Отецот, и Јас ве возљубив вас. Останете во Мојата љубов!

10. Ако ги запазите Моите заповеди, ќе останете во љубовта Моја, како што Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец и останувам во љубовта Негова.

11. Ова ви го реков за да остане радоста Моја во вас и радоста ваша да биде полна.

Јован 15