Јован 15:6-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. Ако некој не остане во Мене, ќе биде исфрлен надвор, како прачка, и ќе се исуши; а таквите ќе ги соберат, и во оган ќе ги фрлат, и ќе изгорат.

7. Ако останете во Мене, и зборовите Мои останат во вас, тогаш, што и да посакате, барајте и ќе ви биде.

8. Со тоа ќе се прослави Мојот Отец: да носите многу род и да бидете Мои ученици.

9. Како што Ме возљуби Отецот, и Јас ве возљубив вас. Останете во Мојата љубов!

10. Ако ги запазите Моите заповеди, ќе останете во љубовта Моја, како што Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец и останувам во љубовта Негова.

11. Ова ви го реков за да остане радоста Моја во вас и радоста ваша да биде полна.

12. Ова е Моја заповед: да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас.

13. Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели.

Јован 15