Јован 14:26-31 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

26. А Утешителот, пак, Духот Свети, Кого што Отецот ќе Го испрати во Мое име, Тој ќе ве научи на сѐ и ќе ви напомни за сѐ што сум ви зборувал.

27. Мир ви оставам; мирот Свој ви го давам; Јас ви го давам, но не како што го дава светот. Да не се плаши срцето ваше, ниту да страхува.

28. Чувте дека Јас ви реков: ‚Заминувам од вас и пак ќе дојдам кај вас.‘ Но ако Ме љубевте Мене, ќе се зарадувавте што реков: одам кај Отецот, зашто Мојот Отец е поголем од Мене.

29. И сега ви кажав, уште пред да се случи, та кога ќе се случи, да поверувате.

30. Нема веќе многу да зборувам со вас, зашто иде кнезот на овој свет и во Мене тој нема ништо.

31. Но за да разбере светот дека Го љубам Отецот и, како што Ми заповеда Отецот, така правам. Станете да си одиме одовде!“

Јован 14