Јован 12:7-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. А Исус рече: „Оставете ја! Таа го запази тоа за денот на Мојот погреб;

8. зашто сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш.“

9. Мнозина од Јудејците разбраа дека Исус е таму, па дојдоа не само заради Исус, туку да го видат и Лазар, кого Тој го воскресна од мртвите.

10. А првосвештениците се договорија да го убијат и Лазар,

11. зашто мнозина од Јудејците доаѓаа поради него и веруваа во Исуса.

12. На другиот ден, мноштво народ, кој беше дошол на празникот, кога чуја дека Исус доаѓа во Ерусалим,

13. зедоа палмови гранчиња и излегоа да Го пречекаат; и извикуваа, велејќи: „Осана! Благословен е Кој доаѓа во името Господово, Царот Израилев!“

14. А Исус, откако најде едно магаре, седна на него, како што е напишано:

15. „Не плаши се, ќерко, Сионова! Еве, Царот твој иде, седејќи на магаре.“

Јован 12