3. А Марија, откако зеде литар чисто скапоцено миро, ги помаза нозете Исусови и ги избриша со косата своја нозете Негови; а куќата се исполни со мирис од мирото.
4. Еден од учениците Негови, Јуда Симонов Искариотски, кој сакаше да Го предаде, рече:
5. „Зошто не се продаде ова миро за триста денарии, и тоа да се раздадеше на сиромаси?“
6. Ова тој го рече не дека се грижеше за сиромасите, туку зашто беше крадец. Тој го чуваше ковчежето и крадеше од она што пуштаа во него.