Јован 12:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. На шест дни пред Пасха дојде Исус во Витанија, каде што беше умрениот Лазар, кого го воскресна од мртвите.

2. Таму Му приготвија вечера и Марта послужуваше, а Лазар беше еден од оние што седеа со Него на трпезата.

3. А Марија, откако зеде литар чисто скапоцено миро, ги помаза нозете Исусови и ги избриша со косата своја нозете Негови; а куќата се исполни со мирис од мирото.

Јован 12